
Со само 8 години, стружанецот Лука Симоноски ќе учествува на Европско првенство во шах
Младиот Лука Симоноски е првиот шахист од Струга, кој на само 8-годишна возраст ќе учествува на Европско првенство во шах.
Патот до Европското првенство, што ќе се одржи од 15-ти до 21-ви октомври во Чешка, Лука го обезбеди делејќи го првото место на Државното првенство во Македонија.
На Европското првенство, кое поради пандемијата ќе се одржи online, ќе учествуваат 900 деца, а во категоријата до осум години, ќе се натпреваруваат 90 деца од цела Европа.
Лука игра шах во Шаховска школа Струга „Алкалоид“ од својата петта година. (Крај)
извор: Strugaonline фото: Strugaonline