Сочувство од градоначалниците на Струга ,Охрид до семејствата на загинатите и повредените во автобуската несреќа

 Сочувство од градоначалниците на Струга ,Охрид до семејствата на загинатите и повредените во автобуската несреќа

Сочувство до семејствата на загинатите и повредените во автобуската несреќа што се случи доцна синоќа во Бугарија, изразија и градоначалниците на општините Струга, Охрид и Дебрца.

  • Многу тажно утро, многу болка. Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија! Посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, напиша градоначалнкиот на општина Струга, Рамиз Мерко.
  • Тага, болка, солзи, непребол… Ова е голема трагедија, црн ден за Македонија. Сочувство до семејствата на загинатите, напиша градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
x