Сончев јануарски ден: Убав почеток на новата година- најавен и снег за време на викендот

 Сончев јануарски ден: Убав почеток на новата година- најавен и снег за време на викендот

DCIM100MEDIADJI_0056.JPG

Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени целзиусови.

Утре ќе преовладува стабилно и суво време, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд. На планините на северозапад ќе има врнежи од снег.

Во недела, понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.