
Сончево и топло и температури до 29 степени
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна
изолирана нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 29 степени.