Сообраќајка кај струшко Ложани, повредени три лица

Сообраќајка кај струшко Ложани, повредени три лица

На 23-ти октомври 2021 година, во 14:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на локалниот пат кај струшкото село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген туран“, управувано од 68-годишниот Н.М. од селото Ложани и патничко возило „Фолксваген венто“, управувано од 23-годишниот В.В. од селото Велешта, струшко, двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Фолксваген туран“, 56-годишниот Л.М. од селото Ложани, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Увид извршила екипа од Полициската станица во Струга, информираат од МВР.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds