Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ресен-Охрид

 Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ресен-Охрид

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ресен-Охрид, тешко повредено 93 годишно лице.

На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за селото Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот. Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

>
>