
Сообраќајците казнуваа во Струга и Охрид
Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициските станици за безбедност во сообраќајот во Охрид и Струга, реализираа зголемени контролни мерки.
- Притоа, на 19.10.2020 година, во Охрид, регистрирани се девет прекршоци за неправилно и непрописно запирање и паркирање на патнички возила во централното градско подрачје. На 20.10.2020 година во Струга, констатирани се осум пречекорувања на дозволената брзина во населено место и седум возачи кои нелегално вршеле такси превоз на патници. Против нив, поднесени се прекршочни платни налози,-информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.