Сообраќајка кај Подмоље, повредени две лица

Сообраќајка кај Подмоље, повредени две лица

На 12-ти февруари 2022 година, во 10:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Подмоље се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патнички возила марка „Опел“, управуван од страна на 66-годишниот Р.Д. од селото Требеништа, општина Дебрца и возило „Мерцедес“, управувано од 32-годишниот М.Н. од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Мерцедес“ и 61-годишниот Б.Ј. од селото Требеништа, сопатник во возилото „Опел“, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи, информираат од МВР.

извор: МВР

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds