Сообраќајка кај струшко Велешта, повредени две лица

 Сообраќајка кај струшко Велешта, повредени две лица

На 22-ри октомври 2020 година, во 20:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

-Незгодата се случила помеѓу моторцикл управуван од страна на 21-годишниот А.Ш. од струшкото село Октиси и патничко моторно возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот М.Д. од истото село. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, а сопатникот се здобил со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР