• 26/09/2020

Сообраќајка кај Велешта тешко повредено едно лице

 Сообраќајка кај Велешта тешко повредено едно лице
loading...
Advertisement

Вчера на регионалниот пат во струшкото село Велешта, вчера, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

До сообраќајната незгода дошло кога патничко моторно возило „шкода“ со чешки национални ознаки управувано од 69-годишно лице од Чешка удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 43-годишен жител на Велешта.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото моторно возило „Шкода“ која е пренесена во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.