Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, повредени две лица

 Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, повредени две лица

На 21-ви ноември 2020 година, во 06:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

-Во незгодата учествувале патничките возила „Форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишниот Н.К. од селото Мешеишта, општина Дебрца и „Форд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот М.Ѓ. од кичевското село Вранештица. Двајцата возачи се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, тие се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид