
Сообраќајка на патот Охрид-Струга кај „Оровничка плажа“, повреден мотоциклист
На 20-ти јуни 2020 година, во 20:00 часот, на регионален пат Охрид-Струга кај место викано „Оровничка плажа“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Фиат“ со скопски регистарски ознаки управувано од страна на 40-годишниот Д.С. од Скопје и мотоцикл „Хонда“ со струшки регистарски ознаки управуван од 39-годишниот Б.М. од струшкото село Мислешево. По незгодата од доктор на Б.М му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.