Сообраќајка на патот Подмоље-Струга, комбе удри во камион

 Сообраќајка на патот Подмоље-Струга, комбе удри во камион

Сообраќајна незгода се случи денес, нешто по 11:00 часот на патниот правец Подмоље-Струга.

Според првичните информации, во незгодата учествувале комбе марка „Хјундаи“ кое од до овој момент непознати причини удрило во камион.

До овој момент нема потврдени информации за повредени лица и за причините кои довеле до незгодата, во која е причинета поголема материјална штета. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

>
>