Сообраќајка на патот Струга-Дебар: Две лица се тешко повредени

Сообраќајка на патот Струга-Дебар: Две лица се тешко повредени

На 30.12.2021 во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(66) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.Т.(45) од Струга. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Т. и Ш.Б.(60) од Дебар, сопатник во возилото „алфа ромео“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.  

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds