
Сообраќајка на стариот пат Охрид-Струга, се судрија две возила (Фото)
Сообраќајна незгода се случи попладнево, нешто по 17:30 часот, на стариот пат Охрид-Струга.
Според првичните информации, во незгодата учествувале две возила, а патниот правец е привремено затворен за сообраќај.
До овој момент нема информации за повредени лица, а е причинета значителна материјална штета.

Од СВР Охрид, чија екипа врши увид на лице место, најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден. (Крај)
извор: ОхридПрес