Сообраќајка, повреден Стружанец

 Сообраќајка, повреден Стружанец

На 24-ти мај 2021 година, во 12:45 часот, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај населбата „Елешец“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Патнички автомобил марка „Фоксваген Пасат“ со штипски регистарски ознаки, управуван од страна на 26-годишниот М.Д. од Пробиштип удрил во велосипед „Вислер“, управуван од 54-годишниот Т.Ш. од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот на кого му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот.

извор: СВР Охрид

>
>