Сообраќајка во струшката населба „Теферич“, повредено едно лице

 Сообраќајка во струшката населба „Теферич“, повредено едно лице

– На 9-ти февруари 2021 година, во 13:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на магистралниот пат село Подмолје-Ќафасан, во населбата „Теферич“ се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген шаран“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 77-годишниот Х.И. од струшкото село Радолишта, кое удрило во пешакот, 71-годишната С.Ј. од селото Радолишта. Во незгодата С.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР

x