ОБНОВЕНО:Сообраќајна несреќа во Струга

 ОБНОВЕНО:Сообраќајна несреќа во Струга

На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Вчера во 18.20 часот на пресекот на улиците „Владо Малески” и „Пабло Неруда” во Струга случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „мерцедес” управуван од Б.Б.(19) од струшкото село Заграчани и друго возило „мерцедес” управуван од Р.И. (59) од селото Калишта.

Со тешки телесни повреди се здобила малолетничка-сопатник во второто возило која е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Со полесни повреди се здобиле двајцата возачи и едно малолетно лице, констатирани во Општата болница во Струга.

На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи

>
>