
Сообраќајна незгода кај „Св. Еразмо“ (Фото)
– Сообраќајна незгода се случи вечерва, нешто пред 17:00 часот на патниот правец Подмолје-Охрид, кај „Св. Еразмо“.
Според првичните информации во незгодата учествувале неколку возила. Интервенираше и екипа на Територијалната противпожарна единица со едно возило.
Од СВР Охрид најавија повеќе информации за во текот на утрешниот ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес