Соопштен датумот на новите избори во Израел

Соопштен датумот на новите избори во Израел

Израел ќе одржи нови избори на први ноември, петти по ред за помалку од четири години, по одлуката за распуштање на израелскиот парламент, јавува АП и наведува дека од петок наутро, вршител на должноста премиер ќе биде шефот на дипломатијата Јаир Лапид.

Лапид ќе биде 14-тиот премиер, кој ќе ја преземе функцијата од Нафтали Бенет, кој имаше најкраток мандат како премиер.

Распуштањето на парламентот е и формален крај на едногодишниот експеримент и коалицијата на осум партии од различни политички спектри, со цел да се стави крај на кризата што резултираше со четири изборни циклуси за само две години.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds