Соопштение од директорт на ООУ„Мурат Лабуништи„

Соопштение од директорт на ООУ„Мурат Лабуништи„

Почитувани браќа и сестри, родители и ученици, од Лабуништапочитуван колектив. Да преземаш задача да бидеш директор е голема одговорност, оваа задача не е само обичен потпис на лист, пред се е задача која што бара преголема одговорност, затоа што токму  ти си тој „избраниот„ на кого и се доверени сите работи на институцијата која за мене претставува, место  кое што треба да се брани со фанатизам, затоа што токму тука се наоѓа нашата иднина, нашето најскапоцено нешто, нашите ученици. Беше точно тоа што ме поттикнуваше и ми даваше сила за да работам.

Јас имам морална, верска и национална одговорност да ви дадам објаснување во врска со мојата наводно  дадена „оставка„ од функцијата директор на ООУ„Мурат Лабуништи„ и сакам да потенцирам дека ЈАС НЕ СУМ ДАЛ ОСТАВКА од оваа задача туку дека „сум дал оставка„  и самиот јас разбрав од порталот strugalajm.org
            Кога презедов одговорност да ја извршувам задачата како директор во нашето училиште, не ја зедов со цел да бидам „ незаменлив„ . Во овие четири години се што работевме, сработивме со цел да училиштето ја добие вистинската слика, да стои цврсто и исправено и да се гордее со успесите на учениците во Струга и пошироко. Оваа задача ја презедов во многу чувствително време, кога имаше и многу предрасуди  кои што со тек на време се надминаа од самите дела.

Со почит Ваљон Мамуди

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds