Соопштение за 5 – ти декември – Светскиот ден на волонтерството

Соопштение за 5 – ти декември – Светскиот ден на волонтерството

Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира согласно потребите на заедницата. Вредноста која волонтерите ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета“, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја. Веќе традиционално Црвениот крст на Република Северна Македонија, по повод 5 – ти декември – Светскиот ден на волонтерството #БлагодаримеВолонтери организира свечен настан за одбележување на овој значаен ден кој има за цел да го истакне значењето на волонтерската активност и дејствување во хуманитарни активности. 

Настанот ќе се одржи на 5 декември со почеток во 12:00 часот во просториите на Млади Хаб.

На настанот ќе бидат доделени волонтерски награди за посебни достигнувања од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Ќе ни причинува особена чест и задоволство доколку присуствувате на овој значаен настан и медиумски го проследите преку кој заедно ќе го истакнеме значењето на волонтерството. 

Односи со јавност

Црвен крст на Република Северна Македонија

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds