• 28/09/2020

Сопственичка на лабораторија за тестови за Ковид-19 стана милијардерка на 93 години

 Сопственичка на лабораторија за тестови за Ковид-19 стана милијардерка на 93 години
loading...
Advertisement

Магазинот „Форбс“ додаде 18 нови милијардери на списокот на 400 најбогати Американци, а меѓу нив е и Алис Шварц (93), една од основачките на лабораторијата „Био-Рад“, која произведува тестови за Ковид-19.

Во извештајот се наведува дека пандемијата на Ковид-19 им помогнала на некои милијардери да го заземат своето место на листата, а сите новодојденци имаат богатство од најмалку 2,1 милијарди долари, што е услов за нивно вклучување.

Меѓу оние на кои пандемијата им помогна да стигнат на листата е и Ерик Хуан, основачот на програмата за видео комуникација „Зум“.

На списокот на најбогати Американци се најдоа и основачот на компанијата за производство на електрични камиони „Никола“, Тревор Милтон, генералниот директор на ОСИ Груп, Шелдон Лавин и Џим Коч, еден од основачите на компанијата „Бостон бир компани“.

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, сè уште е на првото место, трета година по ред, со богатство од 179 милијарди долари, а зад него се еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг.