• 27/09/2020

Состојбата се влошува, Берлускони хоспитализиран

 Состојбата се влошува, Берлускони хоспитализиран
loading...
Advertisement

Силвио Берлускони, поранешниот претседател на славниот Милан и моментално сопственик на Монца во Серија Б, беше хоспитализиран утрово во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, бидејќи неговата здравствена состојба е влошена. Пред неколку дена тој беше позитивен на Ковид-19.

Според италијанските медиуми, Берлускони ги покажал првите симптоми на вирусот и бил хоспитализиран за да избегне компликации. Сепак, во моментот неговата здравствена состојба е под контрола на лекарите и не покажува големи аномалии.