Состојбата со заразени од Ковид 19 во струшката болница е стабилна

 Состојбата со заразени од Ковид 19 во струшката болница е стабилна

Во Општата болница во Струга хоспитализирани се 17 пациенти позитивни на Ковид 19, од кои пет се на кислородна поддршка, информира за МИА директорот Мухамед Асани.

Состојбата, според него, е под контрола и засега нема потреба од хоспитализација во модуларната болница.

– Пациентите се сместени во ковид-одделите во Болницата и засега нема потреба од пуштање во употреба на модуларната болница. Добро сме организирани и со овој тренд на заразени лесно се справуваме. Доколку дојде до зголмување на бројот на позитивни, на кои им е потребно болничко лекување подготвени сме да ги ставиме на располагање капацитетите од модуларната болница, изјави Асани.

Третиот бран од коронавирусот го зафати и Вевчани, каде во моментот има 25 позитивни, од кои, како што информира директорот на Здравствениот дом „Др. Светозар Чочоровски”, Јован Стојковски, 10 се лекуваат во дневната болница, а тројца се хоспитализирани во Струшката.

– До пред 10-тина дена во Вевчани, немавме ниту еден заразен. Но, деновиве очигледно е дека не зафати третиот бран од коронавирусот. Имаме 25 позитивни на Ковид – 19, од кои 10 примаат терапија во дневната болница, тука, а тројца се сместени во Општата болница во Струга, истакна Стојковски.

Директорите на двете установи апелираат да се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19, задолжително носење заштитни маски, дезинфекција и држење растојание, единствено така, како што нагласија, ќе се намали бројот на заразени и ќе се спасат многу животи.

извор:Канал5 Тв

x