• 22/09/2020

Состојбата во струшката болница се покомплицирана, расте бројот на болни од Ковид-19

 Состојбата во струшката болница се покомплицирана, расте бројот на болни од Ковид-19
loading...
Advertisement

Состојбата во струшката болница од ден во ден сѐ покомплицирана. Секојдневно расте бројот на болни од коронавирус, а интерното одделение е полно до последен кревет. Болни и суспектни се сместуваат и во дневната болница.

 Директорот вели, со охридската болница ја прекинале целосно соработката, бидејќи не им ги примале пациентите, па сега потешките случаи ги препраќаат директно во Скопје.

„Ќе ни биде тешко како и што ни било досега, бидејќи сите тие пациенти докажани позитивни се третирани во Интерно одделеие или Општа болница. И мислам дека и понатаму ќе продолжиме така. Да се молиме да немаме некој поголем број, ама се надеваме ќе најдеме решение“, вели Мухамед Хасани директор на струшката болница.

За стружани надеж е поставување на монтажна болница, што е предвидено да се случи во септември, но проблем ќе биде персоналот, бидејќи во Струга нема инфектолози, ниту епидемиолози.

Особено загрижува тоа што секојдневно расте бројот на нови случаи со корона во Струга, заклучно со утрово бројот на активни се искачи на 149 лица.

Дополнително проблем е големата смртност, само изминатава недела починаа пет лица, а од почетокот на пандемијата до денес починаа 39 лица од струшко.