Советниците ќе одлучуваат за првите чекори за гасификација на Охрид

Советниците ќе одлучуваат за првите чекори за гасификација на Охрид

Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2020 година, годишниот план за вработување во основните училишта и јавните претпријатија, избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид, се само дел од над 80-те точки на дневен ред предвидени на седницата на советот закажана на 29-ти ноември, петок, со почеток во 11 часот.

Советниците ќе одлучуваат и за локацијата за градба на прифатилиштето за кучиња.

На дневен ред се и Извештаи за реализација на програмите на секторите на општината, извештајот за остварување на буџетот за периодот од 01.01. до 30.09.2019 година, како и извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија.

Пред советниците ќе се најде и Предлог – одлуката за поддржување при аплицирање на проект “Изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во град Охрид, на ниво на: проект за инфраструктура, идеен проект, основен проект и ревизија на проектната документација“.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds