• 19/09/2020

Советот не го усвои динамичкиот план за отстранување на бесправно изградените објекти на плажите

 Советот не го усвои динамичкиот план за отстранување на бесправно изградените објекти на плажите
loading...
Advertisement

Советот на Општина Охрид на вчерашната седница не ја усвои предлог–одлуката за динамичкиот план за отстранување на бесправно изградените објекти – плажи. За предлог одлуката гласаа само советниците од позицијата.

Според координаторот на советничката група од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, советот не е надлежен да расправа и гласа за оваа предлог одлука.

Многу е јасно дека врз основа на раскинатите договори и решенијата за рушење надлежен е инспекторатот, советот не може да донесе одлука. Ние ниту издаваме плажи, ниту потпишуваме и раскинуваме договори, единствено како совет носиме одлука за висината на цена по метар квадратен за издавање на плажите. Според мене подобро е градиначалникот со овие сопственици на плажи да има јавна расправа или средба и да разговара за динамичкиот план. Реалноста е дека тројца градоначалници нанзад имаат проблеми со документацијата врз основа на измените на законот за издавање на плажите што беа наназад идавани, рече Пецаков.
Според него, неопходни се измени на законот за издавање на плажите за да можат поворно да се земаат со урбанистички проект, а не како што е досега- со промена на урбанистички план само за плажата. Токму ваквите недоречености во законите, смета Пецаков, предизвикуваат проблеми со плажите и закупците.

За позицијата во советот, советниците кои не го дале својот глас за предложената точка, не работат во интерес на Охрид и охриѓани.

Имаат за цел со популистички постапки да заработат ефтини политички поени. Целта на оваа локална власт е да стави ред во незаконското и противправно искористување на крајбрежниот простор и узурпација на плажите за дивоизградените шанкови, платформи, настрешници и помошни објекти без никакви договори за закуп. Се работи за 14 плажи, на поголем дел од нив договорите им се истечени во 2013, 2015, 2016, 2017, кога локалната власт ја предводеше ВМРО ДПМНЕ. Важно е да се напомене дека носењето на овај план е од исклучително значење и во делот на нашите заложби за успешност на процесот за исполнување на препораките од УНЕСКО со цел да се зачуа статусот на заштитено светско природно и културно наследство, изјави советникот од СДСМ, Ристо Николески.
Николески појасни дека и покрај неусвојувањето на предлог одлуката, инспекторатот ќе продолжи да постапува според претходно издадените решенија и дека со носење на предлог одлуката само би се направило редослед на постапување според истекувањето на договорите.

На денешната седница, советот меѓу другото, ги усвои предложените одлуки за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, за преместување на спомен-обележјето на Григор Прличев, измените и дополнувањата на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022, Програмата за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.

На седницата од дневниот ред беше повлечена точката за именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално–финансиското работење на ЈП „ Вододвод“, а беа прифатени дополнително предложенитеодлики за давање согласност и овластување за потпишување на договор и грант, согласно договор за финансирање SERAPIS број 2008-0446 помеѓу Република Севeрна Македонија и Европската инвестициска банка, за давање согласност за измирување и пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Охрид, за донесување на Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Охрид за купување велосипед, за давање на времено користење на надвижен имот на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид и за разрешување и именување член од Управниот одбор на ЈП „ Охридски Комуналец“ Охрид.

Извор:OhridNews