Совршен рецепт за кремаста салата со компири и кисела павлака

Совршен рецепт за кремаста салата со компири и кисела павлака

Кремаста салата со компири и кисела павлака како одличен додаток за јадења со риба или од месо.

Потребни состојки:

-500 г компир

-5 јајца

-5 кисели краставички

-180 мл кисела павлака

-сок од еден лимон

-сол, бибер

Начин на подготовка:

Сварете го компирот, па излупете го и исечете на коцки. Јајцата сварете ги и одвојте ги белките од жолчките.

Во садот со варени компири додадете ги белките и киселите краставички, исечени на коцки. Измешајте ги павлаката, жолчките, сокот од лимон, солта и биберот, па додадете ја смесата на компирите.

Добро измешајте и сервирајте.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds