Спасовски: Нема распуштање на Собранието без да се донесат законите

Спасовски: Нема распуштање на Собранието без да се донесат законите

Приоритет е да се донесат законите, а не да се оди на избори и тоа треба да биде примарно за сите политички партии, не може приоритет да биде било каков политички интерес, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски и додаде:

„Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив така и ќе ја завршиме, не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме за нов коалициски партнер“, рече Спасовски.

Техничкиот премиер оцени дека кога доаѓаат избори секогаш има тензии, кои, како што рече, се само собирање политички поени.

Во однос на распуштањето на Собранието Спасовски дециден:

„Лидерска средба ќе видиме дали и кога ќе се организира, а распуштање на Собрание нема без носење на законите“.

Извор:Алсат

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds