Спасување бик со хеликоптер

 Спасување бик со хеликоптер
Шпански пожарникари со хеликоптер спасиле бик тежок 800 килограми кој од висока карпа падна на плажа.

Настанот се случил во автономната заедница Астурија во Северозападна Шпанија, поточно плажата Ла Карнера во местото Госон.

Бикот, локално познат како Болеро, тежок скоро илјада килограми, паднал од карпите кои се издигнуваат 100 метри над плажата која излегува на Кантабриското Море во Бискајскиот Залив помеѓу Шпанија и Франција.

 

Спасувачите од пожарникарскиот оддел на Астурија спасувањето го изведе во средата, а бикот немоќно седел на плажата еден ден. Претходно, пожарникарите се обидувале да го пренесат бикот со носење, но не успеале ниту да ги помрднат поради неговата тежина.

 
>
>