„Спејс-Икс“ изврши три вселенски мисии за помалку од два дена

„Спејс-Икс“ изврши три вселенски мисии за помалку од два дена

„Спејс-Икс“ лансира и заврши три вселенски мисии за помалку од два дена. Последното од трите лансирања се случи на 19 јуни, кога двофазна ракета „Фалкон 9“ беше лансирана од космодромот „Кејп Канаверал“, на Флорида и во Земјината Орбита однесе комуникациски сателит развиен од „Глобалстар“.

Сателитот беше во орбитата по вкупно час и 50 минути. Тоа беше трета мисија на американската вселенска компанија за помалку од 36 часа.

На 17 јуни „Спејс-Икс“ лансираше ракета со 53 сателити „Старлинк“ од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида, а на 18 јуни беше лансиран радарски сателит за германската војска од базата „Вандерберг“ во Калифорнија.

Треба да се напомни и дека за време на мисијата „Старлинк“ спроведена во петокот, беше поставен рекорд за користење на првата фаза од ракетата „Фалкон 9“, која полета во орбитата и слета на Земјата по 13-ти пат.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds