• 23/09/2020

СПЕКТРА ДОЗНАВА: Владата ги раскина сите концесии на каменоломите во Лабуништа

 СПЕКТРА ДОЗНАВА: Владата ги раскина сите концесии на каменоломите во Лабуништа
loading...
Advertisement

Спектра Тв од свои извори дознава дека владата на денешната седница донела уредба, која има важност на закон, а со кој еднострано се раскинуваат концесиите на сите каменоломи во Лабуништа.

Оваа информација, за Спектра ја потврдуваат и извори од владата. Во Лабуништа имаше пет каменоломи, поради кои имаше неколкумесечни протести, а дел од жителите едно време и кампуваа пред каменоломите барајќи да престанат со работа.

Се жалеа дека поради работата на каменоломите се уништува флората и фауната, но и како што жителите тврдат зголемен е бројот на луѓе со здравствени проблеми.

За Тв Спектра пратеникот Алија Камбероски изјави:

Не многу, туку премногу проблеми наследивме… За две и пол години решивме најголем дел од нив.

За каменоломите во државата, како и тие во Лабуништа, кои директно штетат на здравјето и имотот на граѓаните, пробавме со закон да го решиме проблемот.

ВМРО ДПМНЕ го блокира со стотици амандмани… Иако како тогашна Влада го предизвикаа проблемот, немаа слух, немаа желба, имаа само личен интерес, тоа така и да остане. Како и да е, кој го направи проблемот сите знаат. Прашањето е кој сака и кој го реши. Конечно вчера се најде начин. Во моментов на седница на Влада премиерот Спасовски ја потпиша Уредбата со законска сила со која концесиите ќе бидат одземени. изјави за Тв Спектра Алија Камбероски