СПЛИТ КАКО ВЕНЕЦИЈА: Порој по улиците, поплави на сите страни(ВИДЕО)

 СПЛИТ КАКО ВЕНЕЦИЈА: Порој по улиците, поплави на сите страни(ВИДЕО)

Денес во Сплит наврнаа 121 литар дожд на метар квадратен, што е повеќе од просекот за целиот декември, изјави синоптичарот Јурица Миjак од поморскиот метеоролошки центар (ПМЦ) на DHMZ.

Ваквото количество дожд создаде големи проблеми на Сплитските улици.

Бројни улици во градот беа поплавени. Наведено е дека семафорите не работат, но и дека автомобилите едвај се пробиваат поради дождот.

Пожарникарите од ЈВП Сплит и ДВД Сплит имаа низа интервенции, најмногу со испумпување на просториите. Локалниот портал Далмација Данас потсетува дека последен пат оваа количина дожд паднала во Сплит во јули 1975 година.

Водопадите се појавија на Мозор, кои се појавуваат во просек само неколку пати во една деценија. Еден од нив е водопадот Дубаница, а на неколку километри западно, над Корешница, се појави водопадот Колудар.

Обилниот дожд создаде проблеми во сообраќајот и во областа Шибеник.

>
>