
Спречен обид за атентат врз турскиот претседател Ердоган
Турските разузнавачки служби спречија вечерва обид за напад на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми.
Експлозивната направа била пронајдена под полициско возило кое обезбедувало митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт, пишува Танјуг.
Бомбата, која била пронајдена само неколку моменти пред почетокот на митингот, набрзо била деактивирана и истрагата е во тек.