Спречен шверц на марихуана од албанска на македонска страна преку Охридско Езеро

 Спречен шверц на марихуана од албанска на македонска страна преку Охридско Езеро

Полицијата од албанскиот град Поградец спречила шверц на марихуана од Албанија во Македонија преку Охридско Езеро.

Упасени се две лица за кои постоеле основи на сомнение дека оваа „дејност“ ја извршувале повеќепати.

Запленета е дрога во помала колична, упасен е Адриан Папајани (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).

-Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха“, две електронски ваги, соопшти полицијата.

Се додава дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Полициите на двете земји се вклучени и во расветлувањето на случајот со запленетиот кокаин во Драч. Според последните информации од полицијата, во камионот со кој управувал македонскиот државјанин Назиф Ајроски (40) запленети биле вкупно 324 килограми и 400 грама кокаин, кој бил во кутии со логоата на Чикаго булс,

Пари Сен Жермен, Кензо и Диор а бил скриен внатре во шасијата на камионот.

Дрогата била откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи.

x