Србија дозволи транзит без корона-тест за граѓаните на Македонија

Србија дозволи транзит без корона-тест за граѓаните на Македонија

Одлуката на Србија дека сите државјани на Македонија кои транзитираат мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, предизвика колони од неколку километри на граничниот премин Табановце. Многу граѓани се вратија назад, додека голем дел беа решени да не ја напуштат границата сè додека не им беше дозволено да влезат. После ваквата ситуација, официјален Белград ја преиначи одлуката, поништувајќи го негативниот ПЦР тест, но само за лицата кои се во транзит, не и за оние кои ќе останат во Србија. Тест не е потребен за деца до 12 години. Од друга страна, Косово отвори два гранични премини и тоа Јажинце-Глобочица и Белановце-Станчиќ, но преку овие премини може да се движи под истите услови како и на граничниот премин Блаце, односно со задолжителен тест.

Се појавија многу нејаснотии кај граѓаните на Македонија во врска со начинот на движење кон Косово. Почнаа да кружат информации од кои веројатно разбрале дека наводно Косово го укинало тестот ПЦР како услов за влез во соседната земја. Сепак овие информации не се точни, затоа што решението да се бара ПЦР тест за граѓаните на Македонија во случај ако сакаат да влезат во Косово и понатаму останува во сила.

Инаку Црна Гора ги отвори своите граници за граѓаните на Северна Македонија, но не без услови. Сите мора да имаат негативен ПЦР или серолошки тест за Ковид-19. Од копнените граници единствена земја во регионов каде граѓаните на Македонија можат да патуваат без потреба од ниту еден од горенаведените тестови е Албанија.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds