Србија од утре до понеделник во „локдаун“

 Србија од утре до понеделник во „локдаун“

Во Србија од утре до понеделник се воведуваат мерките кои важеа за викенд, односно дека нема да работи ништо освен продавниците за прехрамбени продукти, аптеките и бензинските пумпи само за точење на гориво, објави премиерката Ана Брнабиќ.

„Нема полициски час, нема забрана на движење, ќе работат продавниците за прехрана, пумпите, сето она што е неопходно за колку-толку нормален живот. Потребно е дополнително да го забавиме животот за да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е поддршка за нашите здравствени работници“, рече Брнабиќ.

Брнабиќ потенцираше дека мецинскиот дел на Кризниот штаб барал овие мерки да траат во следните 14 дана, но најдено е компромисно решение да траат 5 дена.

„Дали тие ќе се продолжат од понеделник натаму, ќе зависи од сите нас. Апелирам на максимална дисциплина, разбирање на ситуацијата во која се наоѓа нашиот здравствен сектор“, рече Брнабиќ која додаде дека многу долго и на повисок тон е разговарано за новите мерки.

x