
Србија поставува ограда на границата со Македонија
Србија во обид да ја блокира емигрантската рута започна со поставување на жичана ограда на границата со Македонија во близина на Прешево.
Од таму велат дека целта е да се спречи пробивањето на нелегалните гранични премини.
Информацијата ја потврди Шиприм Арифи, претседателот на локалната самоуправа на Прешево.
Тој наведе дека станува збор за договор со Европската унија, бидејќи Србија е дел од таканаречената балканска рута на бегалците.