Србија со речиси 5.000 новозаразени, починаа 24 пациенти

 Србија со речиси 5.000 новозаразени, починаа 24 пациенти

Во соседна Србија денеска е најлошиот ден од почетокот на епидемијата со корона вирус.

Имено, регистрирани се рекордни 4.994 новозаразени со корона вирус.

Во истиот пероод починаа 24 пациенти.

Тестирани биле 17.645 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“ на респиратор во болниците се  179 пациенти.