Срцето на оваа фудбалска легенда го освоила жена од Сараево: Поради Андреа тој ги оставил сопругата и детето, а ова е нивната приказна

 Срцето на оваа фудбалска легенда го освоила жена од Сараево: Поради Андреа тој ги оставил сопругата и детето, а ова е нивната приказна

Тиери Анри, еден од најбогатите фудбалери на светот е венчан со жена од Сараево.

Можеби е фраза, но велат дека позади секој успешен маж стои силна жена, а тајната на успехот на легендарниот Тиери Анри е оваа жена.

Малкумина знаат дека Андреа Рајачиќ е жената со која што некогашниот капитен на француската репрезентација основал семејство и со која што живее среќен живот веќе десет години.

Тие долго ја криеле својата романса, но упорните медиуми дознале дека нивната врска е сериозна и сепак успеале да добијат изјава од преубавата Андреа.

Тогаш таа за медиумите потврдила дека е во љубовна врска со фудбалерот, а Анри поради Андреа се развел од британската манекенка Клер Мери со која што ја има ќеката Теа.

„Јас сум личност која што се држи до приватноста и не би сакала да истапувам со било каква изјава. Знаете и сами како е со луѓето како што е Тиери и под какви притисоци се јавните личности. Вистина е дека сме во врска една година и дека се запознавме во Шпанија.

Никогаш не сум се занимавала со манекенство иако тоа се врти по медиумите, но јас во Америка завршив менаџмент. Повеќе од тоа, особено сега, не би сакала да откривам. Можеби ќе го сменам мислењето по некое време, но засега е така“, изјавила симпатичната жен во 2012 година за хрватскиот портал.

Инаку, Андреа потекнува од угледно семејство. Мајка ѝ Татјана е професорка по руски јазик, а татко ѝ Небојша е еден од најугледните пластични хорурзи во БиХ, но моментално работи во Кувајт.

Токму во Кувајт Андреа и нејзината помлада сестра Јована завршиле средно училиште, за потоа да го продолжат своето школување во Америка каде што заедно се запишале на економски факултет.

Јована по студиите заминала во Шпанија, а во текот на една посета кај сестра ѝ во каталонската престолнина и Андреа одлучила да се пресели во Барселона.

Таму, летото 2008 година го запознала напаѓачот на Барселона Тиери Анри, па парот е во среќен брак и имаат две деца – Тристен и Татиана. 

x