• 23/09/2020

Средба МНР Димитров Папандреу – „Партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион“

 Средба МНР Димитров Папандреу – „Партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион“
loading...
Advertisement

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во Скопје оствари средба со Јоргос Папандреу, поранешен грчки премиер и актуелен Претседател на Социјалистичка интернационала.

Посетата на Папандреу на Скопје е во рамките на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, со цел поддршка и зајакнување на евроинтегративниот процес на земјите од регионот.

Соговорниците го потенцираа историското значење на Договорот од Преспа со кој се потврдуваат заложбите за градење добрососедство, инклузивна соработка и конструктивни меѓусебни односи.

МНР Димитров: „Северна Македонија е вистински посветена на конструктивен дијалог со грчката влада во градењето на меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во кој граѓаните на двете држави би сакале да живеат.

Договорот има значително позитивно влијание врз билатералните и регионалните случувања во однос на зголемена економија, стабилност и просперитет. Неговото понатамошно спроведување се смета за голем чекор во нормализацијата на билатералните односи што ќе им овозможи на двете држави да го искористат целиот потенцијал на политичката и економската соработка“.

Министерот Димитров ја истакна посветеноста и заложбите на пријателска Грција за остварување на европските и евроатлантските перспективи на Северна Македонија и уште еднаш укажа благодарност за грчката поддршка на последниот ЕУ Самит во Брисел и континуираните напори за отпочнување на пристапни преговори со Европската Унија.