Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски со директорот на австриската Сојузна истражна служба Холцер

Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски со директорот на австриската Сојузна истражна служба Холцер

Денеска (12.10.2021) се реализираше официјална работна посета на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи од страна на директорот на австриската Сојузна истражна служба м-р Андреас Холцер, при што се одржа и официјална средба со директорот на БЈБ, м-р Сашо Тасевски. На средбата се разговараше за меѓусебната полициска соработка во борбата против тероризмот, кибер криминалот, илегалната миграција и трговијата со дрога и потенцијалите за нејзино подобрување.

Во рамки на посетата беше спроведена и оперативно-тактичка вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро, за чие спроведување беа ангажирани Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР. На вежбата низ неколку различни точки се  демонстрираа нивните вештини, тактичко-технички способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно дејствување.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds