• 23/09/2020

Средба на МНР Никола Димитров со Јерн Јелстад, новиот амбасадор на Кралството Норвешка

 Средба на МНР Никола Димитров со Јерн Јелстад, новиот амбасадор на Кралството Норвешка
loading...
Advertisement

Денес министерот за надворешни работи Никола Димитров ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на  Кралството Норвешка во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад.

На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашниот развој на пријателските односи и соработка меѓу двете земји, при што министерот Димитров  се заблагодари за континуираната поддршката од Норвешка за евроатлантската иднина на Северна Македонија и реализацијата на нашата значајна стратешка цел – извесното членство во НАТО. Истакна и дека високо се цени од македонска страна присуството и ангажманот на Норвешка не само кај нас, туку и во целиот регион, во контекст на неговото приближување кон европските стандарди и вредности.

Амбасадорот Јелстад, од своја страна ја реафирмираше поддршката на Норвешка за реализација на нашите стратешки приоритети, преку постигнување на неопходните стандарди во насока на интеграција на Северна Македонија во НАТО и во Европската Унија, подвлекувајќи дека како и досега, ќе продолжат со билатералната поддршка на бројни проекти, коишто се тесно поврзани со ЕУ пристапниот процес.