• 21/09/2020

Средба на премиерот Спасовски со германскиот амбасадор Герберих

 Средба на премиерот Спасовски со германскиот амбасадор Герберих
loading...
Advertisement

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски се сретна со Томас Герберих, амбасадорот на Сојузна Република Германија кој го завршува својот мандат во нашата држава.


На средбата се поздравени историските исчекори на Република Северна Македонија во демократските процеси, добрососедските односи, членството во НАТО и отворените европски перспективи со одлуката на ЕУ за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската унија, што се постигнати изминатиов период со храбро лидерство и голема политичка волја.

Премиерот Спасовски изрази благодарност до канцеларката Меркел, до германската Влада, до амбасадорот Герберих и до германската амбасада за огромната поддршка во сите специфични процеси во нашата држава, за искреното и големо пријателство од Сојузна Република Германија, како и од сите земји членки на ЕУ, со што позитивните резултати од овие големи процеси станаа реалност.

 
„Ви ја врачувам оваа плакета, како знак на огромна благодарност за сè што направивте лично и како претставник на нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за Република Северна Македонија и за нашите национални интереси“, рече премиерот Спасовски.

На средбата е поздравена работата на Владата, за време на здравствената криза, како успешно справување со ситуацијата.
„Направивме сè да го заштитиме јавното здравје и да обезбедиме функционалност на здравствениот систем и покажавме дека, ако се сака институциите можат да функционираат. Ќе продолжиме со грижата за граѓаните и за државата“, рече премиерот Спасовски.

Тој се заблагодари за поддршката од Германија и од ЕУ на нашата земја, во надминувањето на предизвиците од здравствената криза.
На состанокот се споделени информации и оценки околу можното траење на пандемијата и мерките за здравствена заштита што ќе се преземаат во услови на можно релаксирање на рестрикциите на движење.

Разговарано е и за други актуелни прашања. Оценето е дека Република Северна Македонија покажала дека е вистинска демократска земја и очекувањата се дека низ реформските процеси ќе продолжи да се развива во таа насока.