• 30/09/2020

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот претседател Пахор

 Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот претседател Пахор
loading...
Advertisement

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Нови Сад, се сретна со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамките на 4. Регионален младински форум.

На средбата беше оценето дека двете земји имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а беа разменети и мислења за можностите за понатамошно унапредување и збогатување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.

За Северна Македонија не постои друга алтернатива, освен европската интеграција, посочи претседателот Пендаровски. Тој  се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на нашата земја за членство во ЕУ и во НАТО којашто беше потврдена со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, како и постојаната поддршка во рамките на Европската Унија.

Претседателот Борут Пахор на средбата ги повтори заложбите на Словенија за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски додаде дека интеграцијата на Северна Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан во европските структури ќе биде огромен придонес кон трајна стабилизација на регионот, како и просперитетот на нашите општества.