Српскиот епидемиолог Кон предупредува: Состојбата со ковид во Белград е критична, заразата се шири

 Српскиот епидемиолог Кон предупредува: Состојбата со ковид во Белград е критична, заразата се шири

Вчера, српското Министерство за здравство објави дека регистрирани се рекорден број заразени во еден ден – 2 412, додека шест лица починале

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека состојбата со бројот на заразени со коронавирусот во Белград е критична. Според него, мора да се спречи понатамошно пренесување.

На прашањето дали се разгледува затворањето на државата, што е чекор за кој во овој момент се одлучија многу европски земји, тој во изјава за српеските медиуми рече дека „може да има одреден вид затворање, и дека веќе се забранети одредени работи“, но дека ќе биде дефинирано и можно ограничување на движењето на некој друг начин, а не како во почетокот на епидемијата, кога беше воведен полициски час, јави Бета.

Кон предупреди дека во моментов има големо присуство на респираторни инфекции, особено кај децата.

Директорката на српскиот Институт за јавно здравје, Верица Јовановиќ рече дека вчера, од околу 12 000 тестирани лица, повеќе од 2 400 имале позитивен тест за присуство на новиот коронавирус, што, според неа, е висок процент.

Најмногу случаи се регистрирани во Белград, следат Нови Сад и Крагуевац, а голем пораст на бројот на новозаразени има во Ваљево и Краљево. Околу 15 отсто од новите случаи бараат болничко лекување, а само вчера имавме 400 хоспитализирани, што претставува голем ризик.

Таа апелираше до граѓаните да држат физичко растојание и да избегнуваат собири наведувајќи дека со тоа му помагаат на здравствениот систем кој на тој начин ќе биде достапен за нив на поквалитетен начин.

Вчера, српското Министерство за здравство објави дека регистрирани се рекорден број заразени во еден ден – 2 412, додека шест лица починале, со што вкупниот број на жртви како последица на ковид сега изнесува 850. Дури 400 лица се хоспитализирирани.