Срушени кровови од куќи, итно доаѓа премиерот на Хрватска во Петриња – во прекин телефонските врски

 Срушени кровови од куќи, итно доаѓа премиерот на Хрватска во Петриња – во прекин телефонските врски

Голем број од куќите во Петриња останаа без покрив по силниот земјотерс од 6.3 степени кој попладнево беше регистриран во Хрватска.

Земјотресот е почувствуван низ цела Хрватска.

Под урнатините се наоѓаат неколку лица, во тек е спасувачка акција, веќе една госпоѓа е извадена и итно префрлена во клинички центар.

Екипа на Н1 јавува дека на лице место се очекува да пристигне и премиерот на Хрватска.

Три противпожарни возила се наоѓаат на ова место кое е најкритичко и едно возило на итната медицинска помош.