Стабилна состојбата со коронавирусот во Струга

 Стабилна состојбата со коронавирусот во Струга

Состојбата со КОВИД-19, во Струга е стабилна. Во Болницата се лекуваат 15 пациенти, од кои поголемиот дел се на кислородна поддршка, информира за МИА директорот Мухамед Асани.

Состојбата со КОВИД-19, во Струга е стабилна. Во Болницата се лекуваат 15 пациенти, од кои поголемиот дел се на кислородна поддршка, информира за МИА директорот Мухамед Асани.

-Деновиве ќе биде ставена во функција модуларната болница. Објектот е целосно подготвен, се завршуваат уште некои ситни детали, изјави Асани.

Во однос на потребата за медицински кадар во новиот ковид центар, тој посочи дека засега имаат доволно.-Медицински кадар засега имаме доволно, односно ќе направиме реорганизација на досегшаниот тим кој се грижеше за Ковид пациентите, додаде директорот на Струшката болница.Модуларната болница во Струга е сместена во кругот на Општата болница со капацитет да згрижи 30 пациенти, а објектот располага со целосно опремена лабараторија и помошни простории.

>
>