• 30/09/2020

Стапија во сила американските санкции против Приштина

 Стапија во сила американските санкции против Приштина
loading...
Advertisement

Санкциите што на приштинските власти со недели им ги најавуваа функционери на САД доколку не ги укинат царините против Србија безусловно стапија во сила вчера.

Санкциите се воведени поради тоа што е сопрена програмата Милениум челинџ корпорејшн (МЦЦ) со инвестиции на Косово во вредност од околу 200 милиони евра, која требаше да почне вчера.

Како што пренесуваат косовските медиуми, врз основа на преписката на МЦЦ, во која имал увид американскиот бизнис портал Ин фокус, било планирано вчера да се почне со инвестиции на Косово во три клучни проекти со вредност од околу 200 милиони евра.

Проектите на МЦЦ креирани за оваа година се фокусирани на енергетскиот сектор, особено електроенергетскиот сектор на Косово, а нивната цел била енергетска стабилност и инвестиции во производството за да се создаде енергетски баланс на Косово со Европа.

Меѓутоа, како што јавува Ин фокус, најавените санкции почнаа вчера.

Покрај економските санкции, САД се закануваат и со повлекување на своите војници од Косово.